Комбинацијата Ѓорческа-Воскобоева на убедлив начин го заврши учеството на турнирот откако двата сета против Алисија Хереро Линана од Шпанија и Ксенија Шарифова од Русија ги добија со 6:0 и финалето го завршија без загубен гем, а турнирот без загубен сет. Финалето траеше 45 минути, а скорот во освоени поени беше 48:28.

За победата Ѓорческа ќе освои 60 поени, додека во сингл конкуренција турнирот го заврши во 2.коло и ќе освои шест поени.

Датум на објава: сабота, 26 ноември 2016 во 16:07
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар