Првиот човек на компанијата, Живко Мукаетов, кој е најзаслужниот за успесите на тимот на светската шаховска сцена, во обраќањето до присутните изрази задоволство од постигнатиор резултат во годината кога се прославува осум децении од постоењето на Алкалоид и четири децении од формирањето на клубот.

- Пресреќен сум што сме тука вечерва заедно да прославиме еден огромен успех. Во годината во која „Алкалоид“ како компанија прославува 80 години од своето постоење, а шаховскиот клуб Алкалоид 40-годишнина, остваривме историски успех со освоената титула. Македонија има европски шампион, сите сме многу горди на тоа. Имавме пред себе петгодишен план во кој како крајна цел ја зацртавме европската титула, и самиот сум изненаден што дојдовме до неа нешто порано од очекувањата, но тоа ја прави радоста поголема, изјави Мукаетов.

Историскиот резултат на Алкалоид му го донесоа: Лирен Динг, Дмитри Андрејкин, Павел Елјанов, Дмитри Јаковенко, Јангуи Ју, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски.  Капитен на екипата беше Драгољуб Јаќимовиќ. /МИА

Датум на објава: вторник, 15 ноември 2016 во 09:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар