На годинашното издание на „Златниот Гонг“ ќе учествуваат над 50-тина боксери од 12 земји и тоа: Англија, Албанија, Босна и Херцеговина, Белгија, Словенија, Србија, Романија, Црна Гора, Холандија, Хрватска, Косово и домаќинот Македонија.

Македонски претставници ќе бидат: Исак Сулејмани (-52 кг.), Алмир Нуришов (-56 кг.), Јасир Лама (-60 кг.), Лујзим Исмаили (-69 кг.), Гоце Јаневски и Бобан Илиевски (- 75 кг.)

Според програмата денешната програма започнува со полуфиналните борби од 16 па се до 20 часот. Во меѓувреме, за 17 часот и 30 минути, закажано е свеченото отворање.

Традиционално, главен покровител на овој настан е Агенцијата за млади и спорт, која годинава одвои 900.000 денари за организацијата на овој боксерски турнир.

Борбите ќе се одржат во СЦ „Борис Трајковски“ утре и в сабота.

Покрај најпрестижната награда „Златен Гонг“ која ќе му се додели на најдобриот боксер на турнирот, предвидени се и награди за: најдобар техничар, тренер, судија, како и за најдобар боксер од Македонија, односно најдобар странски боксер. /МИА

Датум на објава: петок, 11 ноември 2016 во 09:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар