Шахистите на Алкалоид со 3,5:2,5 беа поуспешни во мечевите со рускиот тим Жигули, додека Гамбит Асеко ја совлада Дунајска Стреда со 4:2.

„Фармацевтите“ со максимални четири победи и освоени 65 поени се наоѓаат на второто место веднаш зад лидерот Медниј Всадник кој исто така има четири победи, но и еден поен повеќе, односно 66.

На високото 19.мест во конкуренција на 62 екипи се наоѓа вториот македонски претставник во елитното натпреварување, тимот на Гамбит Асеко.

До крајот остануваат уште три рунди, а во денешното петто коло се среќаваат двете првопласирани екипи Медни Всадник и Алкалоид. Гамбит Асеко за противник ќе ја има екипата на Свети Николај Српски. /МИА

Датум на објава: четврток, 10 ноември 2016 во 09:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар