Ова за Хамилтон беше 51.победа и сега Розберг има 19 бодови предност на две трки до крајот на шампионатот. По триумфот Хамилтон се изедначи на второто место на вечната листа по бројот на победи со Алан Прост.

Второто место во Мексико го освои Розберг, додека голема борба се водеше за третото место меѓу Себастијан Фетел од Ферари и Макс Верстапен, бидејќи имаше непочитување на правилата по трката и двајцата добија временски казни, па трет е Даниел Рикардо од Ред Бул, Верстапен е на четвртото место, а Фетел е петти.

Во генералниот пласман прв е Розберг со 349 поени, Хамилтон има 330, а трет е Рикардо со 242, Фетел има 187, Кими Раиконен 178 и Рикардо 177.

Кај конструкторите Мерцедес е прв со 679 поени, Ред Бул има 427, а Ферари 365.

Следната трка се вози во Бразил на 13 ноември. /МИА

Датум на објава: понеделник, 31 октомври 2016 во 09:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар