Унгарскиот тим Ференцварош ја совлада руската екипа Астраханочка со 32:23 во меч од Б групата во кој настапува и македонскиот шампиони ЖРК Вардар кој во ова коло беше убедлив во дуелот со Лајпциг кој го совлада со 41:24.

На табелата во оваа конкуренција со по три освоени бодови водеќки се ЖРК Вардар и Ференцварош, додека следниот противник на вардарки Астраханочка има 2 бода, а Лајпциг е последен без освоен бод.

Во останатите три групи:

А група:– Мец - Турингер 25:18 и Гласверкет – Будуќност 23:30.
Табела: Будуќност 4 бодови, Мец 2, Турингер 2 и Гласверкет 0.

Ц група: Мидтнјиланд - СЦМ Букурешт 24:21 и Ростов Дон - Ѓер 27:28.
Табела: Ѓер 4, ЦСМ Букурешт 2, Митјиланд 2, Ростов 0.

Д група: Крим Меркатор – Ларвик 24:22 и Савенхоф – Есбјерг 20:25.
Табела: Есбјерг 4, Савенхоф 2, Крим Меркатор 2 и Ларвик 0. /МИА

Датум на објава: понеделник, 24 октомври 2016 во 13:37
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар