Возачот на Мерцедес прв ја мина целната рамнина на патеката во Остин, остварувајќи ја седмата победа сезонава, инаку лјубилејна 50-та во кариерата.

Сега Британецот е на само една победа помалку од легендарниот Французин, Алан Прост, но далеку зад Германецот Михаел Шумахер кој во кариерата острвари дури 91 победа.

Покрај Хамилтон на педесталос се искачија неговиот клупски колега Нико Розберг и возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо.

Сепак Германецот и натаму е водечки во генералниот пласма сега со 311 бодови, односно 26 повеќе од Хамилтон, додека Рикардо е трет со 227.

До крајот на шампионатот остауваат уште три трка, а следната е на 30 октомври кога ќе се вози Големата награда на Мексико. /МИА

Датум на објава: понеделник, 24 октомври 2016 во 11:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар