Во меч кој траеше еден час и 37 минути многу понеизвесен беше првиот сет која заврши 7:6 во тај-брејкот 7:1, додека во вториот Британецот со убедливи 6:1 го надигра својот ривал.

За вториот светски рекет ова беше 41. АТП трофеј, трет триумф во Шангај, шести трофеј оваа сезона и 13. од Мастерс серијата.

Турнирот се играше за награден фонд од 5,45 милиони долари.

Со новиот трофеј Мареј ќе добие нови бодови на АТП ранг листата и од утре уште повеќе ќе се доближи до водечкиот Новак Ѓоковиќ.

Датум на објава: недела, 16 октомври 2016 во 12:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар