Тој имаше најдобро време 1:32.850 минута. Ова за него беше 100-та пол позиција во кариерата. Второто место му припадна на неговиот клупски колега и лидер во генералниот пласман Нико Розберг.

Во вториот ред од позицијата број три ќе стартува Макс Верстапен од Ред Бул, а неговиот клупски колега Даниел Рикардо ќе биде на местото број 4 на стартот.

Зад нив ќе бидат двата болида на Ферари со Себастијан Фетел и Кими Раиконен.

Трката за ГН на Малезија се вози утре наутро во 9 часот по македонско време. /МИА

Датум на објава: сабота, 01 октомври 2016 во 13:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар