На второто место трката во Сингапур ја заврши Даниел Рикардо од Ред Бул, додека досегашниот лидер и клупски колега на Розберг, Луис Хамилтон го освои третото место.

Бодови уште освоија возачите од четвртото до десеттото место: Кими Раиконен, Себастијан Фетел, Макс Верстапен, Фернандо Алонсо, Серхио Перез, Даниел Квајт и Кевин Магнусен.

Розберг го презеде водството во генералниот пласман со 273 поени, осум повеќе од Хамилтон. Рикардо е трет со 179 поени. 

Датум на објава: недела, 18 септември 2016 во 16:49
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар