По минималниот пораз од Вардар (24:25) во вторникот, во недела во „ВИП Арената“ на СЦ „Борис Трајковски“ ќе гостува шампионот Веспрем. На денешната прес-конференција тренерот Лино Червар се наврати на дуелот со Вардар.

- Намерно ни беше одземено задоволството да се радуваме на дуелот со Вардар. Го ценам Вардар, но не е првпат да бидеме оштетени, рече Червар.

За неделниот ривал тој истакна е апсолутен фаворит, но и дека на играчите на Металург ќе им биде предизвик да играат против него.

- Веспрем има 30 играчи и речиси три постави. За нас ќе биде предизвик да се игра против нив. Со добра одбрана и ако ги намалиме техничките грешки имаме шанса за добар резултат. Но, Веспрем е апсолутен фаворит во дуелот со нас, истакна тренерот на Металург.

Во редовите на тимот ново име е Немања Младеновиќ.

- Веспрем е ланскиот финалист од Лигата на шампионите нема што повеќе да се каже. Ние секого почитуваме, но не се плашиме. Ова се натпревари на кои мораме да се докажеме, истакна Младеновиќ.

Натпреварот Металург – Веспрем е од 9.коло, но поради обврските на двата тима во Лигата на шампионите ќе се игра во недела вечер со почеток во 20:30 часот.   

Датум на објава: петок, 09 септември 2016 во 15:48
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар