- Новите сопственици сакаат да останам уште три години. Сакаат да им помогнам во бројните обврски, а за тоа е потребно време, изјавил 80-годишниот Еклстон за новинската агенција Ројтерс.

„Либерти медија“ чиј сопственик е Џон Малон и која има 35% од удделот во Формула 1, наскоро ќе го преземе раководењето со овој спорт или подобро речено бизнис вреден 8,5 милијарди долари.

Состанокот на одборот на Формула 1 на кој треба да биде официјализиран договорот е закажан за 13 септември. /миа

Датум на објава: среда, 07 септември 2016 во 18:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар