Шампионот Луис Хамилтон имаше лош старт и ја загуби пол позицијата и се најде на шестото место, а тоа го искористи Розберг. Хамилтон сепак успеа да ги мине Даниел Рикардо и Валтери Ботас, а потоа со подобрата тактика со промена на гумите ги мина и два болида на Ферари и на крајот заврши на втората позиција. Третото место го освои Себастијан Фетел од Ферари.

За Розберг ова беше седма победа сезонава или 21.ва во кариерата и воедно негов прв триумф во Монца. Од актуелните возачи победи во Монца имаат уште Луис Хамилтон, Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо.

Во генералниот пласман води Хамилтон со 250 бодови, пред Розберг со 248, Рикардо има 161, Фетел 143, Раиконен 136,...

Кај конструкторите во водство е Мерцедес со 498 бодови, пред Ред Бул со 290 и Ферари со 279.    

Датум на објава: недела, 04 септември 2016 во 16:58
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар