Трката возена попладнево во Спа ја одбележаа низа инциденти и откажувања. На почетокот при мал судир на двете возила на Ферари, при што Себастијан Фетел и Кими Раиконен поради оштетувања на болидите ги загубија стартните места. На болидот на Карлос Саинц му се дупна задната десна гума при што тој мораше да ја заврши трката. Најстрашно изгледаше излетување на возачот на Рено, Кевин Магнусен кој ја загуби контролата на болидот. Данецот удри во заштитната ограда и за среќа помина со мали повреди.

По паузата за да биде исчистена патеката од излетувањето на Магнусен, трката продолжи со доминација на Розберг.

Второто место го освои Даниел Рикијардо (Ред Бул), а место на победничкиот подиум избори и Луис Хамилтон од Мерцедес.

Од четвртото до десеттото место се пласираа: Ник Хулкенберг и Серхио Перез (Форс Индија), Фетел, Фернандо Алонсо (Мекларен), Валтери Ботас (Вилијамс),  Раиконен и Фелипе Маса (Вилијамс).

Генерален пласман: Хамилтон 232 бода, Розберг 223, Рикијардо 151, Фетел 128, Раиконен 124, Ферстапен 115,...

Кај конструкторите води Мерцедес со 455 пред Ред Бул со 276, трет е Ферари 252,... 

Датум на објава: недела, 28 август 2016 во 16:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар