Српските кошаркари ја немаа можноста како на средбата во рамките на групната фаза, кога резултатски беа близу до фаворитот, а дури имаа и шут за продолжение. За разлика од тој дуел, во финалето „дрим-тимот“ одигра агресивно во одбраната и ефикасно во нападот доволно за убедлив триумф.

Само во првата четвртина се одржуваше некаква неизвесност (19:15), а потоа следуваа „фуриозни“ десет минути (33:14) по што победникот беше решен уште на полувремето.

Кевин Дурант со 30 поени беше најдобриот играч на натпреварот, а во поразениот состав двоцифрен учинок имаше Немања Недовиќ – 12 поени.

Во дуелот за третото место Шпанија ја победи Австралија со 89:88. /МИА

Датум на објава: понеделник, 22 август 2016 во 09:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар