Во основните 90 минути резултатот беше нерешен 1:1. Нејмар во 27 минута донесе водство за домаќините, Германците изедначија во 59 минута преку Макс Мејер.

Во продолжението од два пати по 15 минути немаше погодоци, па се пријде кон изведување на удари од 11 метри.

Решавачка во пенал рулетот се покажа петтата серија кога Нил Петерсен промаши, а Нејмар постигна гол за голема радост на домашните навивачи на „Маракана“.

Победата за Бразилците е мал реванш за загубениот трофеј во финалето на Светското првенство 2014 што беше одржано во нивната земја, кога Германија триумфираше со 7:1. /МИА

Датум на објава: недела, 21 август 2016 во 09:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар