Во полуфиналето синоќа во Рио, Французите ја совлада селекцијата на Германија со 29:28 (16:13). Триумфот на „триколорите“ им го донесе Даниел Нарсис во последната секунда.

Токму Нарсис беше најефикасен во редовите на победниците со седум постигнати голови. За Германија Уве Геншмејер погоди 11 пати.

Франција во финалето ќе игра со Данска која ноќеска дури по продолженија ја совлада Полска со 29:28. /МИА

Датум на објава: сабота, 20 август 2016 во 09:23
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар