21-годишната Колак до златото стигна во четвртата серија во која фрли 66 метри и 18 сантиметри.

Ваквото постигнување на Колак беше далеку подобро од конкурентките за златото.

Освојувачката на среброто Сунет Вињоен од Јужна Африка фрли 1 метар и 26 сантиметри пократко, додека актуелната светска рекордерка Барбора Шпотакова од Чешка беше пократка за 1 метар и 38 сантиметри, а дури 7 метри и 48 сантиметри послабо од нејзиниот рекорд.

Златото на Колак за Хрватска е пето на игрите во Рио, а вкупно 7 медал за спортистите од оваа земја, која на листата на освојувачи на медали котира на високото 15.место.

Први се Американсците со вкупно 100 освоени медали (35 златни, 33 сребрени и 32 бронзени), пред спортистите од Велика Британија 56 (22, 21, 13) и Кинезите кои досега собраа 58 медали (20, 16, 22). /МИА

Датум на објава: петок, 19 август 2016 во 12:18
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар