Болт до златото стигна со време 19.78 секунди, донека сите останити атлетичари трчаа над 20 секунди.

Освојувачот на среброто Канаѓанецот Андре Де Грас истрча резултат 20.02, додека Кристов Ламетр од Франција до бронзата стигна во време од 20.12 секунди.

За Болт ова е вкупно осмо злато од Олимписките игри, а ќе има можност и за девето доколку во штафентната трка на 4х100 метри Јамајка триумфира, тогаш Болт ќе се израмни со Американецот Карл Луис и Финецот Паво Нурнмијем како атлетичари кои освоиле по девет олимписки злата. /МИА

Датум на објава: петок, 19 август 2016 во 12:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар