Најнапред селекцијата на Хрватска со 12:8 во полуфиналето ја победи Црна Гора, а потоа и Србија беше подобра од Италија со 10:8, па спортистите на овие две некогашни југословенски земји си закажаа нова меѓусебна пресметка.

Дуелот за златото се очекува да биде со уште поголем набој и интензитет, од средбата на кошаркарските селекции која Србите ја добија и се пласираа во полуфиналето,

Финалниот натпревар ќе се игра в сабота со почеток во 22:50 часот по македонско време, а претходно за пронзата ќе се борат Црна Гора и Италија. /МИА

Датум на објава: петок, 19 август 2016 во 10:56
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар