Во репризата на лондонското полуфинале, Хрватска оствари победа, откако имаше водство во текот на целиот натпревар.

Како и на четвртфиналниот дуел со Бразил и во полуфиналето со Црна Гора одличен на голот на Хрватска беше голманот Марко Бијач, кој дуелот го заврши со 10 одбрани (15 имаше со Бразил). Најефикасен на натпреварот беше Андро Бушље со 4 голови.

Црна Гора третпат по ред на Игрите ќе игра во натпревар за бронзениот медал.

Во второто полуфинале од 21:30 часот ќе играат Италија и Србија. /МИА

Датум на објава: четврток, 18 август 2016 во 19:15
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар