Во дуелот на поскорешните прволигаши екипата на Металург како домаќин го победи Тетекс минимално со 1:0.

Со ист резултат (1-0) пред својата публика победа оствари и екипата на Еуромилк ГЛ против Новаци, додека триумф на гостински терен од 2-1 забележа Кавадарци на средбата против Љубанци.

Преостанатите два натпревара завршија без победник. Вардар Неготино и Академија Пандев одиграа 1-1, а немаше единствено голови на средбата Хоризонт Турново -  Велазерими која заврши 0-0./МИА

коментари

остави коментар