Лудогорец ја совлада Црвена Звезда како гостин со 4:2 по продолжение, откако во регулараниот дел беше 2:2, идентично како и на првиот дуел во Бугарија. Најдобар играч на дуелот беше Вандерсон, кој постигна три голови.

Динамо Загреб и реваншот го победи Динамо Тбилиси со 1:0 и со максимални четири победи обезбеди бараж откако во претходното коло беше подобар и од македонскиот шампион Вардар.

Без бараж остана екипата на Карабах (шампион на Азербејџан) откако одигра 1:1 со Плзен (на првиот дуел беше 0:0). Голот за Карабах го постигна македонскиот интернационалец Муарем Муарем, но беше недоволен за пласман на неговата екипа во следната рунда од Лигата на шампионите.
Резултати на синоќа одиграните реванши од 3.коло од квалификациите:

Црвена Звезда – Лудогорец 2:4 (продолжение) – (4:6 вкупен резултат);
Динамо Тбилиси – Динамо Загреб 0:1 – (0:3);
Карабах – Плзен 1:1 – (1:1);
Апоел – Розенборг 3:0 – (4:2) и
Дундалк – БАТЕ Борисов 3:0 – (3:1).
Вечерва се играат уште 10 реванш натпревари:
Копенхаген – Астра (1:1 прв натпревар);
Стеауа – Спарта Прага (1:1);
Хапоел Бер Шева – Олимпијакос (0:0);
Јанг Бојс – Шахтјор (0:2);
ПАОК – Ајакс (1:1);
Салцбург – Партизани (1:0);
Андерлехт – Ростов (2:2);
Селтик – Астана (1:1);
Легија – Тренчин (1:0);
Монако – Фенербахче (1:2).
Поразените екипи од 3.коло од квалификации од Лигата на шампионите ќе ги продолжат натпреварите во баражот од Лига Европа. 

Датум на објава: среда, 03 август 2016 во 10:25
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар