Возачот на Мекларен прв ја мина целната рамнина на патеката Хунгароринг, и ја оствари петата победа  сезонава, трета во низа. Веднаш зад него трката ја заврши неговиот клупски колега и најголем конкурент за шампионскиот трофеј Германецот Нико Розберг. За Хамилтон ова беше рекордна петта победа на унгарското Гранд при.

Покрај пилотите на Мекларен место на пиедесталот обезбеди и Даниел Рикардо од тимор на Ред Бул.

Во генералниот пласма сега водечки е Хамилтон кој има 192 бодови, шест повеќе од Нико Розбер. По нив следуваат: Даниел Рикардо (Ред Бул) 115, Кими Раиконен (Ферари) 114, Себастијан Фетел 110 (Ферари), Макс Верстапен (Ред Бул) 100 ...

Следната 12-та трка ќе се вози во Хокенхајм за Големата награда на Германија веќе на 31 јули. /МИА

Датум на објава: недела, 24 јули 2016 во 17:12
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар