Ова беше трета последователна победа за возачот на Мерцедес на „Силверстоун“ или вкупно четврта, со што се изедначи со Најџел Менсел по бројот на победи.

Воедно, британскиот возач ја оствари 47. победа во кариерата.

Неговиот клупски колега од Мерцедес, Нико Розберг го освои второто место, но е под истрага и можно е влошување на неговиот пласман, додека Макс Верстапен од Ред Бул заврши на третата позиција.

Бодови освоија и Даниел Рикардо, Кими Раиконен, Серхио Перез, Нико Хулкенберг, Карлос Сајнц, Себастијан Фетел и Даниел Квајт.

Во Генералниот пласман се уште води Розберг со 171 бод, пред Хамилтон со 167 и Раиконен со 106 бодови.

Следната трка од Шампионатот во Ф1 ќе се вози на 24 јули на патеката „Хунгароринг“ за Големата награда на Унгарија. /МИА

Датум на објава: недела, 10 јули 2016 во 16:30
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар