Германија во Париз ја совлада Северна Ирска, а стрелец на голот беше Марио Гомез во 30.минута.

На дуелот во Марсеј Полска ја победи Украина, а стрелец беше Јакуб Блажиковски во 54.минута.

Германија е прва во групата со 7 бодови (гол разлика +3), Полска е втора со 7 (+2), на третата позиција е Северна Ирска со 3 бодови, додека Украина е последна без бод.

Полска во осминафиналето ќе игра против Швајцарија на 25.јуни во Сент Етиен, додека Германија го очекува својот ривал во следната фаза.

Вечерва од 21 часот се играат дуелите од Д групата: Хрватска – Шпанија во Бордо и Чешка – Турција во Ленс. 

Датум на објава: вторник, 21 јуни 2016 во 20:51
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар