Ова е одлуката на клубот по казната која ја заработија црвено-црните, а по немилите настани кои се случија на натпреварот против Шкендија, одигран во рамките на 27.коло.

Дисциплинската комисија при ФФМ, реши да го казни Вардар, наредните два меча како домаќин во Првата лига, да ги игра на терен оддалечен 100 километри од главниот град.

Така, Вардар, во недела со почеток од 16 часот, на градскиот стадион во Пробиштип ќе го пречека Шкупи, во дуелот од рамките на претпоследното 31.коло. На вардарците ќе им биде доволен и бод за да ја освојат јубилејната десетта шампионска титула во клупската историја. /МИА

Датум на објава: четврток, 05 мај 2016 во 09:24
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар