Украинскиот Шахтјор Дољецк ќе биде противник на актуелниот шампион во ова натпреварување Севилја ќе атакува на хет-трик, односно на својот пети трофеј, трет во низа. Андалузиската екипа во два наврати, беше најдобра во две последователни години. Првите два трофеи го освои 2006 и 2006, а тој успех го повтори и во изминатите две сезони, 2014 и 2015 година.

Овие две екипи досега се сретнала само на два меча и тоа во 1/16-финалето од тогашниот УЕФА куп во сеоната 2006/2007, кога Севилја подоцна стигна до својот втор трофеј.

Виљареал и Ливерпул ќе играат за прв пат меѓусебно.

Шпанската екипа Виљареал е тимот со најмногу постигнати голови сезонава во ЛЕ (82), а заедно со Ливерпул се двете единствени екипи кои до полуфиналето во ова натпреварување стигнаа без загубен натпревар.

Двата натпревари ќе започнат во терминот од 21 часот и 5 минути. /МИА

Датум на објава: среда, 27 април 2016 во 12:17
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар