Победничка во италијанскиот Ла Туиле беше домашната натпреварувачка Надија Фанкини со 14 стотинки подобро време од Вон, а третото место и припадна на нејзината сонародничка Даниела Мерингети со 72 стотинки заостанување.

Воедно за Вон ова беше 125-ти подиум, а осмиот освоен кристален глобус е нов рекорд или еден трофеј повеќе од досегашните седум кои ги има освоено легендарната Анемари Мозер-Прел.

Генерален пласман:
1. Линдси Вон (САД) 1.140 бода
2. Лара Гут (Швајцарија) 1.097
3. Викторија Ребенсбург (Германија) 878
4. Фрида Хансдотер (Шведска) 701
5. Тина Вајрајтер (Лихтенштајн) 659.
Пласман во спуст:
1. Линдси Вон (САД) 580 бода
2. Лариса Јуркив (Канада) 407
3. Корнелија Хутер (Австрија) 387
4.Фабијане Сутер (Швајцарија) 383
5.Лара Гут (Швајцарија) 374.

Датум на објава: сабота, 20 февруари 2016 во 17:08
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар