Шалке денес на својот профил на Твитер потврди дека Матип на крајот на сезоната ќе го напушти клубот и ќе потпише за премиерлигашот од „Енфилд“ како слободен играч.

Раководството на Шалке се обиде да го задржи Матип во клубот, но тој јасно им порача дека сака да ја продолжи кариерата во Ливерпул.

Матип беше со Ливерпул потпиша договор на четири сезони.

Овој фудбалер беше цел на Ливерпул во јануарскиот во преоден рок, но не беше подготвен да понуди повеќе од осум милиони евра за предвремен раскин на договорот со Шалке. /МИА

Датум на објава: понеделник, 15 февруари 2016 во 15:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар