- Се гледаме следната недела во Кран Монтана. Се надевав дека ќе се вратам во Светскиот куп на крајот на февруари или почетокот на март, но веќе на 15 февруари ќе учествувам на слаломот во Кран Монтана, соопшти Шифрин.

Американката оваа сезона пред повредата на лигаментите на десното колено, триумфираше во двете слаломски трки во Аспен.

Шифрин нема ниту теоретски шанси да ја брани титулата во слалом, бидејќи до крајот на сезоната останаа само три трки, а таа заостанува 305 бода зад шведската скијачка Фрида Хандстотер. /МИА

Датум на објава: вторник, 09 февруари 2016 во 12:00
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар