Ребензбург победи со вкупно време 2:29.82, односно 32 стотинки подобро од домашната натпреварувачка Ана Древ и 34 стотинки побрзо време од Тина Вајратер од Лихтенштајн.

Водечките во Светскиот куп, Линдзи Вон (САД) и Лара Гут (Швајцарија) не ја завршија втората трка и останаа без бодови.

Генерален пласман: Вон 900 бода, Гут 855, Ребензбург 580, Фрида Хансдотер (Шведска) 661, Нина Лосет (Норвешка) 496,...

Пласман во дисциплината велеслалом: Ева-Марија Брев (Австрија) 392 бода, Ребензбург 310, Гут 362, Федерика Бињоне (Италија) 325, Вајратер 225,... /МИА

Датум на објава: сабота, 30 јануари 2016 во 15:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар