До седмата победа оваа сезона американската скијачка дојде со време 1:37.01. Воедно, за Вон ова беше вкупно 37. победа во спуст и 74. во кариерата.

Второто место во италијанската Кортина д’Ампецо го освои Канаѓанката Лариса Јуркиф, додека трета беше Лара Гут од Швајцарија.

Пред две седмици Вон се израмни со легендарната Австријка Анамари Мозер-Прел по бројот на победи во спуст, а веќе на следната трка стана најдобра во историјата на спустот.

Во генералниот пласман од Светскиот куп води Гут со 810 бода, Вон е втора со 800.

Во спуст Американката е прва со 400 бода, пред Јуркиф со 278 бода. /МИА

Датум на објава: сабота, 23 јануари 2016 во 15:45
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар