Тој имаше вкупно време од 1:51.34 минута. Второто место со шест стотинки заостанување му припадна на Марсел Хиршер од Австрија, додека како трет заврши Александар Хоришилов од Русија, кој имаше шест десетинки послабо време од победникот.

Во пласманот за слалом по четвртата трка водечки е денешниот победник Кристоферсен со 380 бодови, додека Хиршер е втор со 340.

Во генералниот пласман по 16.та трка водечки е Хиршер со 801 бод, пред Аксел Лунд Свиндал од Норвешка со 636, додека денешениот победник Кристоферсен има 571. /МИА

Датум на објава: недела, 10 јануари 2016 во 16:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар