Во двете серии имаше скокови со должина од 139 и 142,5 метри и освои  297.3 поени.

Словенецот победи на три од четирите скокалници (Гармишпартенкирхен, Инсбрук и Бишофсхофен).

Воедно, ова за него беше 12.та победа во кариерата во Светскиот куп, а шеста сезонава.

Второто место денеска му припадна на Зеверин Фројнд (Германија), кој освои 290.5 поени, додека третото место на подиумот го зазема Михаел Хајбек (Австрија) со 282.6 поени.

Во пласманот на Новогодишната турнеја Превц освои вкупно 1139.4 поени, додека Фројнд собра 1112.9 поени.

Во генералниот пласман во водство е Превц со 924 бодови, пред Фројнд со 719. /МИА

Датум на објава: четврток, 07 јануари 2016 во 10:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар