По овој резултат словенечкиот ски-скокач ја зголеми предноста пред Зеверин Фројд (Германија) во пласманот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ на 19,7 поени.

Германецот попладнево заврши на втората позиција со скокови од 122,5 и 128 метри.

Третото место на скокалницата во Инсбрук, Австрија му припадна на норвешкиот натпреварувач Кенет Гагнес со скокови од 126,5 и 124 метри.

По 11. победа во кариерата и петта оваа сезона во Светскиот куп Превц во Генералниот пласман е лидер со 824 бодови, Фројнд има 639, Гагнес 550,...

Последните скокови од Новогодишната турнеја ќе се одржат в среда во Бишофсхофен, Австрија.

Датум на објава: недела, 03 јануари 2016 во 17:09
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар