Локалното гевгелиско градско дерби, го доби Кожув со 82:69, по четвртини 27:24, 9:20, 24:11 и 22:14, со што ја запиша својата шеста победа сезонава, додека Бест е се уште без триумф и со 12 порази.

Во редовите на победникот најефикасен беше Александар Штерјов со 21 постигнати поени, додека Американецот, Брендон Пен имаше „дабл-дабл“ од 15 поени и 14 скокови.

Во поразената екипа се истакна Тајрон Харис со 33 поени.

Другите натпревари од оваа рунда се играат претстојниот викенд:

Работнички – МЗТ Скопје Аеродром,
Куманово – Струмица и
Фени Индустри – Карпош Соколи.
Табела: Карпош Соколи 9-2 (победи-порази),  МЗТ Скопје 9-1, Кожув 6-6, Куманово 6-5, Фени Индустри 6-4, Работнички 5-6, Струмица 3-8 и Бест 0-12. 

Датум на објава: четврток, 24 декември 2015 во 09:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар