Џејмс до рекордот стигна на возраст од 30 години и 307 дена, поминувајќи го Коби Брајант кој беше досегашен рекордер со 31 година и 351 дена.

Леброн стана шестиот активен играч со 25.000. Покрај него такво достигнување од оние кои се уште настапуваат во НБА лигата имаат: Дирк Новицки од Далас, Тим Данкан од Сан Антонио, Кевин Гарнет од Минесота, Коби Брајант од ЛА Лејкерс и Пол Пирс од Клиперс.

Во победата над Филаделфија Леброн учествуваше со 22 поени, 11 асистенции и 9 скокови и му фалеше само еден скок за трпил-дабл.

Резултати на натпреварите од НБА лигата одиграни ноќта понеделник кон вторник:

Филаделфија - Кливленд 100:107,
Бруклин - Милвоки 96:103,
Њујорк - Сан Антонио 84:94,
Хјустон - Оклахома 110:105,
Минесота - Портланд 101:106,
Голден Стејт - Мемфис 119:69,
ЛА Клиперс - Феникс 102:96. /МИА

Датум на објава: вторник, 03 ноември 2015 во 09:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар