среда, 19 април 2017 - Илјадници тркачи пријавени за „Виз Ер Скопски маратон“
Остануваат уште 11 дена за пријавување и 19 дена до почетокот на „Виз Ер Скопскиот маратон“. На трките кои ќе се одржат на 7 мај веќе се имаат пријавено илјадници тркачи од голем број на земји.
 
вторник, 18 април 2017 - RED BULL AIR RACE: Јапонецот Муроја се вивна до триумфот во Сан Диего
Втората трка во календарот за 2017 година на Светското првенство Red Bull Air Race беше исполнета со изненадувања, бидејќи ниту едно име на подиумот не беше исто со трите што беа таму на отворањето на сезоната во февруари. Јапонецот Јошихиде Муроја ја освои победата, додека Словенецот Петер Подлуншек беше втор, а бранителот на светската титула, Матијас Долдерер се најде на третото место.
 
среда, 12 април 2017 - Алонсо нема да се натпреварува на трката за ГН на Монако
Возачот на „Мекларен“, Фернандо Алонсо нема да се натпреварува на трката за Големата награда на Монако на 28 мај, бидејќи на тој ден ќе учествува на трката Индијанаполис 500.
 
недела, 09 април 2017 - Турска доминација на „ИКАС 2017“
Турските натпреварувачи доминираа на годинашниот илинденски кајак слалом што се возеше по 49-ти пат на патеката Матка крај Скопје.
 
петок, 07 април 2017 - Нов допинг скандал во светската атлетика
Позитивен тест на Џемима Самгонг која стана првата Кенијка со озвоено олимписко злато во маратон на игрите во Рио.
 
четврток, 06 април 2017 - Претстојниот викенд на „Матка“ 49. Илинденски кајак слалом
На патеката „Матка“ крај Скопје претстојниот викенд (8 и 9 април) ќе се 49. традиционален Илинденски кајак слалом – ИКАС.
 
четврток, 30 март 2017 - Шах – Карпош „опен“ по седми пат
Седмото издание на „Карпош опен“ ќе собере силни шахисти од 30 земји што го вбројува меѓу најквалитетните турнири во Европа.
 
понеделник, 27 март 2017 - Почна меѓународниот турнир во таеквондо „Скопје Опен 2017”
Рекордни 400 натпреварувачи од вкупно девет земји од регионот ќе се натпреваруваат на четвртиот по ред традиционален меѓународен турнир во Олимписко Таеквондо „Скопје опен 2017”, кој денеска почна во спортската сала на СРЦ „Кале“ во Скопје.
 
понеделник, 20 март 2017 - Дејан Недев освои злато на Фудокан Куп
Најдобриот македонски натпреварувач во традиционално карате, Дејан Недев освои златен медал во кати за сениори на Европскиот Фудокан Карате Куп „Дунав 2017“ во Виена, Австрија.
 
сабота, 11 март 2017 - Спекатакуларен спортски настан организираше ватерполо асоцијација на Австралија (видео)
Во суператрактивниот базен на плажата Бонди во Сиднеј се одигра ревијален меч меѓу репрезентацијата на Австралија и Ал-стар тимот на светот.
 
вторник, 07 март 2017 - Резарта Алими од џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани освои злато во Полска
Уште едно злато, трето годинава му донесе џудистката од Косово Резарта Алими на џудо клубот „Гладијатор 2016“ од Кочани. Taa се натпреваруваше во категорија од 13 години на меѓународен турнир што викендов се одржа во Полска.
 
вторник, 07 март 2017 - Повторно злато во Солун за Битолската академија за боречки вештини
Со 20 златни и 4 сребрени медали се враќаат од Солун членовите на Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола.
 
понеделник, 06 март 2017 - Одржан 47. Државен шампионат во традиционално карате
Во „Будо Карате Центарот Недеви“ во Скопје во текот на вчерашниот ден се одржа 47-от Државен шампионат на Македонија во традиционално карате во (кати поединечно) за сениори - јуниори, кадети и деца.
 
вторник, 28 февруари 2017 - Македонски атлетичари на Европското првенство во Белград
Атлетската федерација на Македонија ќе настапи со двајцата најдобри натпреварувачи во атлетика на претстојниот европски шампионат во сала, што од 3 до 5 март годинава ќе се одржи во Белград и на кој ќе учествуваат 600 натпреварувачи од 51 држава членки на ЕАА.
 
понеделник, 20 февруари 2017 - Петар Заборски го освои бронзениот медал за Македонија на ЕП во карате
На Европското првенство во карате за кадети, јуниори и јуниори до 21 година кое викендот се одржа во Софија, Бугарија, македонскиот репрезентативец, член на клубот Макпетрол-Скопје, Петар Заборски во највозрасната младинска категорија (У21), успеа да го освои бронзениот медал.
 
недела, 19 февруари 2017 - Tурнир во забрзан шах „АЛКАЛОИД 2017“
Традиционалниот отворен меѓународен турнир во рапид темпо „Алкалоид 2017“ собра рекорден број учесници, 198, од пет држави. По одиграните девет кола, на врвот на турнирската табела со ист број поени, 7,5, се најдоа четворица шахисти: велемајсторите Петар Дренчев (Бугарија), Милош Перуновиќ (Србија), Интермајсторите Филип Панчевски (член на ШК Алкалоид и актуелен Шампион на Македонија) и Златановиќ Борољуб (Србија).
 
четврток, 16 февруари 2017 - Тупурковски го прими францускиот амбасадор Тимоние
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет, денеска, официјална средба остварија претседателот на МОК, Васил Тупурковски и амбасадорот на Република Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на која станало збор за соработката помеѓу Македонскиот и Францускиот олимписки комитет односно помошта и донациите која македонските спортисти и македонскиот спорт ја добиваат преку МОК.
 
четврток, 16 февруари 2017 - Одржана средба меѓу МОК и ФБСМ
Во просториите на Македонскиот олимписки комитет (МОК), денеска средба остварија претседателот на МОК, Васил Тупурковски и претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези. Се разговараше за унапредувањето на борењето, едукација на тренери по борење, развојот на младинското и сениорското борење, како и развојот на борењето во женска конкуренција.
 
понеделник, 06 февруари 2017 - Титулата во НФЛ за Њу Ингланд
Екипата на Њу Инглад по петти пат триумфираше во Супербол (финалето на НФЛ лигата) откако ноќеска по продолжение ја совлада Атланта со 34:28.
 
среда, 25 јануари 2017 - Болт со едно злато помалку од Пекинг
Интернационалниот Олимписки комитет го одзема златниот медал на штафетата на Јамајка во трката на 4 х 100 метри на Олимписките игри во Пекинг.
 
четврток, 12 јануари 2017 - Македонските одбојкари ги добија противниците за Европската лига
Албанија и Шведска ќе и бидат противници на Македонија во нејзиното четврто учество во ЦЕВ Европската лига. Ова е епилогот по денешната жребка во седиштето на Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) во Луксембург.
 
среда, 04 јануари 2017 - Даниел Андре Танде победи на третиот дел од турнејата „Четири Скокалници“
Норвешкиот ски-скокач Даниел Андре Танде победи на третиот дел од турнејата „Четири Скокалници“ која со одржа во Инсбрук, Австрја.
 
вторник, 03 јануари 2017 - Почна „Дакар рели 2017“
Триесет и деветтото „Дакар рели“ беше отворено со првата етапа возена во текот на вчерашниот ден од Асуснсион (Парагвај) до Ресистенца (Аргентина) долга 454 километри.
 
петок, 30 декември 2016 - Јошко Миленкоски ќе биде селектор на Турција
Најдобриот македонски одбојкарски тренер и поранешен селектор на Македонија, Јошко Миленкоски ќе биде назначен за нов селектор на машката одбојкарска репрезентација на Турција.
 
петок, 23 декември 2016 - Лазаров и Ѓорческа спортисти на Македонија за 2016 година
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Барселона, Кирил Лазаров по трет пат во неговата кариера го доби признанието спортист на Македонија кое традиционално се доделува на крајот на календарската година. Во женска категорија победничка е најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа.
 
четврток, 22 декември 2016 - Град Скопје ги избра најдобрите спортисти за 2016 година
Во салата на Советот на Град Скопје денеска беа прогласени најуспешните спортистки и спортисти, тренер и спортска екипа на за 2016 година.
 
среда, 21 декември 2016 - Агенцијата за млади и спорт в петок ќе ги прогласи најдобрите
Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации годинава по 62. пат традиционално го организираат изборот за Спортист на Македонија за 2016 година.
 
четврток, 08 декември 2016 - Скопје Ајс Фестивал 2016 Хокеј Турнир
Од петок до недела на ВИП арената при СЦ Борис Трајковски ќе се одржи традиционалниот 5ти по ред „Скопје Ајс феситивал“, на кој ќе учествуваат екипите на Славија од Љубљана, Спартак од Суботица, Славија од Софија и организаторот Металург.
 
среда, 07 декември 2016 - Олимпиското семејство проширено со два нови спорта
Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) кој заседава во Лозана, Швајцарија, донесе одлука за признавање на тајландски бокс и чирлидинг.
 
вторник, 06 декември 2016 - Државни рекорди за пливачите Богдановски, Чепишевски и Блажевски
На првиот ден од Светското првенство во пливање на 25 метарски базени што се одржува во канадскиот град Виндзор во квалификациите настапија четири македонски пливачи.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24