среда, 28 јуни 2017 - Талески ќе ја предводи репрезентацијата на младинското СП во Алжир
Капитенот на младинската ракометна репрезентација на Македонија, Филип Талески ќе ја предводи селекцијата на претстојното Светско првенство што од 18 до 30 јули ќе се одржи во Алжир.
 
вторник, 27 јуни 2017 - Вардарки тргнуваат во новата сезона од првиот барабан
Новата сезона за женскиот европски вице првак Вардар ќе почне на почетокот на октомври, а македонскиот тим во ждрепката ќе биде во првиот, најсилен барабан.
 
вторник, 27 јуни 2017 - Вардар од вториот барабан во ждрепката за ЛШ
На четири дена пред ждрепката за групите во Лигата на шампионите, Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави и барабаните од каде ќе се влечат ривалите за една од двете најквалитетни групи.
 
сабота, 24 јуни 2017 - Металург ќе биде дел од Лигата на шампионите
Македонскиот вицешампион во ракомет Металург и во новата сезона 2017/18 ќе биде дел од Лигата на шампионите.
 
сабота, 24 јуни 2017 - Раул Гонзалез: Не чека голема борба во групата
Македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во Хрватска се наоѓа во групата Ц (по вчерашното извлекување на групите) заедно со европскиот првак Германија, Словенија и Црна Гора.
 
петок, 23 јуни 2017 - Mакедонија против Германија, Словенија и Црна Гора на ЕП 2018 во ракомет
Репрезентациите на Германија, Словенија и на Црна Гора ќе бидат ривали на Македонија во групната фаза на Европско првенство 2018 година што ќе се одржи во Хрватска.
 
вторник, 20 јуни 2017 - ЕХФ одбра: Штербик, Дибиров, Чупиќ и Циндриќ меѓу највпечатливите сезонава
Европската ракометна федерација по завршување на сезоната ги сумира резултатите и ги одбира најдобрите моменти.
 
понеделник, 19 јуни 2017 - Влатко Митков се прости од репрезентацијата
Влатко Митков синоќа го одигра последниот меч во дресот на ракометната репрезентација на Македонија која со убедливата победа над Чешка 33-20, се пласира на завршницата на Европското првенство во Хрватска следната година.
 
понеделник, 19 јуни 2017 - Гонзалес: Игравме одлично во текот на целиот меч
Раул Гонзалес не го криеше задоволството од доминантната игра на македонските ракометари во синоќешниот убедлив триумф над Чешка со кој Македонија по петти пат (четврти во низа) ќе игра на Европското првенство.
 
понеделник, 19 јуни 2017 - Македонските ракометари убедливи против Чешка за потврда на пласманот на ЕП 2018
Македонија ја победи Чешка со убедливи 33:20 и го освои првото место во четвртата група во квалификациите за Европското првенство 2018 во Хрватска.
 
недела, 18 јуни 2017 - Јоноски и Митревски се враќаат во репрезентацијата за вечерашната средба со Чешка
Во составот на македонската ракометна репрезентација за вечерашниот дуел со Чешка ќе биде и Ацо Јоноски, кој доби повик од селекторот Раул Гонзалез.
 
сабота, 17 јуни 2017 - Македонската репрезентативка Саздовска нов член на Вардар
Јована Саздовска, левото крило во сениорската репрезентација на Македонија во следните две сезони ќе биде дел од европскиот вице-шампионскиот тим на Вардар.
 
сабота, 17 јуни 2017 - Лазаров: Имаме сили и доволно мотиви за победа над Чешка
За машката ракометна репрезентација на Македонија останува уште последниот дуел од квалификациите за Европското првенство во Хрватска. Утре во Скопје, Македонија е домаќин на Чешка.
 
петок, 16 јуни 2017 - Познати сите европски селекции кои ќе играат на СП за ракометарки
Со одигрувањето на четирите реванш дуели од баражот, комплетиран е списокот на сите европски селекции кои ќе играат на Светското првенство за ракометарки
 
петок, 16 јуни 2017 - Белорусија, Србија и Унгарија се пласираа на ЕП во ракомет
Со дуелот меѓу Летонија и Унгарија кој заврши со победа на гостите 23:35, комплетирано е 5.коло во квалификациите за Европското ракометно првенство што следната година ќе се одржи во Хрватска.
 
четврток, 15 јуни 2017 - Ракометарите по триумф на гостувањето во Украина за пласман на ЕП
Ракометната репрезентација на Македонија попладнево го игра петтиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.
 
четврток, 15 јуни 2017 - Србија, Унгарија и Шпанија изборија пласман на СП во Германија
Репрезентациите на Србија, Унгарија и на Шпанија изборија пласман на Светското првенство во ракомет за жени откако по реванш бараж дуелите имаа подобар скор од своите противници, па им се приклучија на Шведска и Романија кои претходно успешно го минаа баражот.
 
четврток, 15 јуни 2017 - Данска и Франција обезбедија пласман на ракометното ЕП во Хрватска
Репрезентациите на Данска и на Франција со победите на гостински терен обезбедија пласман на Европското првенство во Хрватска што ќе се одржи во јануари 2018 година.
 
среда, 14 јуни 2017 - Македонските ракометари пристигнаа во Украина
Македонската ракометна репрезентација која патуваше со директен лет пристигна во Суми, за настап на утрешниот меч против Украина од Квалификациите за ЕП 2018.
 
среда, 14 јуни 2017 - Висок пораз на македонските ракометарки од Шведска
Женската ракометна селекција на Македонија е поразена вечерва во реванш баражот за пласман на Светското првенство од селекцијата на Шведска со 46:27 (26:11). Шведска со вкупен резултат од 77:47 ја победи Македонија во двомечот и избори пласман на Светското првенство што на крајот од годината ќе се игра во Германија.
 
вторник, 13 јуни 2017 - Раул: Имаме шанса за победа во Украина
Ракометната репрезентација на Македонија ги одработува последните денови од подготовките за дуелите со Украина и со Чешка, последните два од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.
 
понеделник, 12 јуни 2017 - Лазаров стигна до 54. трофеј во кариерата
Со освојувањето на Купот на Кралот во Леон, Кирил Лазаров го одигра последниот натпревар во дресот на Барселона.
 
недела, 11 јуни 2017 - Македонските ракометарки поразени од Шведска
Женската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска во првиот од двата бараж дуели за пласман на Светското првенство во Германија кое ќе се одржи кон крајот на годинава.
 
сабота, 10 јуни 2017 - Македонските ракометарки ја пречекуваат Шведска
Женската ракометна репрезентација на Македонија вечер во СРЦ „Кале“ во Скопје ја пречекува Шведска во првиот од двата бараж дуела за пласман на Светското првенство во Германија што ќе се одржи кон крајот на годинава.
 
петок, 09 јуни 2017 - Митков: Украина е првиот најважен противник
Ракометарите на Македонија во некомплетен состав ги почнаа подготовките за двата последни дуела од квалификациите за Европското првенство во Хрватска 2018.
 
петок, 09 јуни 2017 - Ракометарките подготвени го очекуваат баражот со Шведска
Женската ракометна репрезентација на Македонија утре го игра првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство во Германија против селекцијата на Шведска.
 
четврток, 08 јуни 2017 - Машката ракометна репрезентација некомплетна ги почнува подготовките
Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот во пресрет на дуелите од последните две квалификациски кола за Европското првенство во Хрватска 2018. Македонија на 15.јуни ќе гостува кај Украина, а три дена подоцна е домаќин на Чешка.
 
четврток, 08 јуни 2017 - Македонските ракометарки апелираат за поддршка од навивачите на баражот со Шведска
Македонската женска ракометна репрезентација в сабота (10 јуни) од 20:30 часот во СРЦ „Кале“ ќе го одигра првиот натпревар од бараж-двомечот за пласман на СП 2017 против силната Шведска.
 
среда, 07 јуни 2017 - Вардар со победа над Борец ја потврди 11.та шампионска титула
Ракометарите на новиот европски првак Вардар со победата постигната попалднево во Велес против Борец ја освоија 11.та титула шампион на Македонија.
 
среда, 07 јуни 2017 - Металург ќе аплицира за настап во Лигата на шампионите
Металург заедно со Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ќе упатат заедничко барање до Европската ракометна федерација (ЕХФ) со кое ќе искажат желба и интерес македонскиот вицепрвак Металург и следната сезона да биде дел од ракометната елита на Европа, во Лигата на шампионите (ЛШ).
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24