четврток, 22 февруари 2018 - Шултинг е новата олимписка шампионка на 1.000 метри во „шорт трек“
Холандската натпреварувачка Сузане Шултинг ја освои титулата на Олимпијадата на 1.000 метри во „шорт трек“.
 
четврток, 22 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Ристевски не успеа да ја заврши трката во слалом
Македонскиот скијач Антонио Ристевски не успеа да финишира ниту во својот втор настап на олимпијадата, откако излета од патеката и повторно не успеја да ја заврши трката, овој пат во слалом.
 
четврток, 22 февруари 2018 - ЗОИ 2018: САД ја прекинаа доминацијата на хокеарките на Канада на Олимписките игри
Светскиот шампион САД го победи бранителот на титулата Канада со 3: 2 (1: 0, 0: 2, 1: 0, 0: 0, 1: 0) по пенали во финалето на Олимпискиот турнир во хокеј на мраз кај дамите.
 
четврток, 22 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Гизин триумфираше во алпска комбинација, Вон отпадна
Швајцарката Мишел Гизин ја освои олимписката титула во алпска комбинација на Игрите во Пјонгчанг.
 
четврток, 22 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Австријка триумфираше во дебито на „биг ер“
Австриската сноубордерка Ана Гасер триумфираше во своето деби во дисциплината „биг ер“ во програмата на Олимпијадата. Светската шампионка Гасер собра 185,00 поени од најдобрите две серии во финалето.
 
четврток, 22 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Милер стана најстариот олимписки шампион во алпско скијање
Швеѓанецот Андре Милер (35) ја освои титулата во слалом во ски-алпските дисциплини на игрите на Пјонгчанг. Тој триумфираше со вкупно време од двете серии 1:38.99 минути и стана најстариот олимписки шампион во историјата на алпското скијање.
 
среда, 21 февруари 2018 - Злато за Германките во боб
Германките Лиза Буковиц и Маријама Јаманка го овоија златниот медал во боб двосед на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - Руска тинејџерка постави нов рекорд во уметничко лизгање
Младата руска лизгачка Алина Загитова постави нов сведски рекорд во уметничко лизгање во рамки на кратката програма на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - Норвешка го освои златото во брзо лизгање
Норвешка го освои златото во тимска потера во брзо лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - Канадски олимпиец ја скрши карлицата по тежок пад во ски-крос (ВИДЕО)
Канадскиот скијач Крис дел Боско се здоби со сериозни повреди и ја скрши карлицата по тежок пад на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - ЗОИ 2018: САД освоија историска титула во тимскиот спринт во крос-кантри
САД ја освоија титулата во тимскиот спринт во крос-кантри слободен стил за жени на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Канада со златен медал и во ски-крос
Канадскиот натпреварувач Брејд Леман го освои златниот медал во ски-крос на Олимписките игри во Пјонгчанг.
 
среда, 21 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Гоџа со злато во спуст, Вон се пензионира со бронза
Легендата на алпското скијање, Линдзи Вон, освои медал во својот последен олимписки натпревар.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Русите не можат да го сфатат допингот во карлинг
Олимпиецот од Русија, Александар Крушелнитски, кој ја освои бронзата во мешовити двојки во карлинг на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, е суспендиран откако беше утврдено дека користел недоволени средства.
 
вторник, 20 февруари 2018 - За Јужнокореанките златото, за Холанѓанките светски рекорд
Јужнокореанките го освоија златото во штафетата на кратки патеки во брзо лизгање на 3.000 метри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, а Холандија, иако на истата делница постави нов светски рекорд, мораше да се задоволи само со бронзениот медал.
 
вторник, 20 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Легендата Фуркад со трето олимписко злато во Пјонгчанг
Легедната на светскиот бијатлон, Мартен Фуркад го освои своето трето олимписко злато на Игрите во Пјонгчанг 2018, откако ја изведе Франција до титулата во мешаната штафета.
 
вторник, 20 февруари 2018 - Вон: Само со роботско колено ќе можам да настапам на следната Олимпијада
Големата ѕвезда во алпското скијање кај жените, Линдзи Вон (САД) изјави дека Олимпијадата во Пјонгчанг речиси сигурно ќе биде нејзината последна во кариерата.
 
вторник, 20 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Словенечки хокеар даде позитивен допинг тест
Словенечкиот хокеар, Жига Јеглиќ е фатен во користење на допинг, соопшти Спортскиот арбитражен суд (КАФ).
 
вторник, 20 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Канаѓани триумфираа во танцови двојки со светски рекорд
Теса Вурчу и Скот Мојр станаа олимписки шампиони во танцови двојки во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Момчето на Шифрин исфрлено поради несоодветно однесување
За францускиот скијач Метје Февр завршија Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако поради остри и непримерни коментари беше исфрлен од репрезентацијата.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Канада и Германија го поделија златото во боб двосед
Екипите на Канада и Германија го поделија златниот медал во боб двосед на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Шифрин може да се надева евентуално на два златни медала
Најдобрата скијачка на денешницата Американката Михаела Шифрин на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг допатува со надеж дека ќе освои пет златни медали, но пред последниот викенд на Игрите може да се надева само на два.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Норвежаните го освоија златото во тимски скокови
Норвешките ски-скокачи го освоија златниот медал во тимска конкуренција на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Лорентсен со рекорд до злато во брзо лизгање
Ховар Лорентсен од Норвешка го освои златниот медал во брзо лизгање на 500 метри на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - На лизгачката Габриела Пападакис и се скина костимот, но го заврши настапот
Француската лизгачка Габриела Пападакис доживеа голема непријатност кога за време на настапот со нејзиниот партнер Гијом Сизерон и се скина костимот, но и покрај тоа успеа да ја заврши точката.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - Ледецка по злато во супервелеслалом, но се откажа од спустот
Чешката сноубордерка Естер Ледецка, која го освои златото во супервелеслалом на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, се откажа од трката во спуст.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - ЗОИ 2018: КАС започна процес против Русинот Крушелницки за допинг
Спортскиот арбитражен суд (КАС) потврди дека е отворен случај против рускиот олимписки атлетичар Александер Крушелницки.
 
понеделник, 19 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Хокеарките на САД ќе играат за титулата во Пјонгчанг
Олимпискиот вицешампион од Сочи 2014, САД се квалификува за финалето на турнирот во хокеј на мраз за жени на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
 
недела, 18 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Украинецот Олександр Абраменко го освои златото во акробатски скокови
Украинскиот скијач Олександр Абраменко го освои златото во акробатски скокови на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.
 
недела, 18 февруари 2018 - ЗОИ 2018: Братен го освои златото во слоупстајл
Норвежанецот Ојстеин Братен го освои златото во акробатско скијање во дисциплината слоупстајл на Зимските олимписките игри во Пјонгчанг.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4