понеделник, 22 август 2016 - Рио 2016: Завршија Олимписките игри, најмногу медали за САД
Завршија 31-те летни Олимписки игри во бразилскиот град Рио де Жанеиро.
 
понеделник, 22 август 2016 - Рио 2016: Доминација на американските кошаркари
Соединетите Американски Држави на убедлив начин го освоија златниот медал во кошарка на Олимписките игри во Рио. Тие синоќа во финалето со 96:66 ја победија Србија и ја потврдија својата доминација во овој спорт.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: Бразил олимписки шампион во одбојка
Одбојкарската репрезентација на Бразил го освои златниот медал на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: САД бронзени во двете конкуренции на одбојкарскиот турнир
Одбојкарската репрезентација на САД го освои бронзениот медал на олимпискиот турнир во Рио, откако попладнево во малото финале остварија пресврт победа над Русија.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: Поделени медали во седум атлетски дисциплини
На програмата на Олимписките игри во Рио ноќеска беа финалните борби во седум атлетски дисциплини.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: Одбојкарките на Кина го освоија златото
Во финалето на женскиот одбојкарски турнир на Олимписките игри во Рио, репрезентацијата на Кина доцна ноќеска ја совлада Србија со 3:1.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: Фудбалерите на Бразил преку пенали до олимпиското злато
Фудбалерите на Бразил го освоија првото место на Олимписките игри во Рио, откако ноќеска на пенали ја совладаа Германија со 5:4.
 
недела, 21 август 2016 - Рио 2016: Србија ја победи Хрватска во финалето на ватерполо турнирот
Ватерполо репрезентацијата на Србија го освои златниот медал на Олимпијадата во Рио и на тој начин ги обедини титулите европски, светски и олимписки шампион.
 
сабота, 20 август 2016 - Рио 2016: Ватерполистите на Италија подобри од Црна Гора во дуелот за третото место
Со победата од 12:10 остварена вечерва над Црна Гора во малото финале, ватерполо репрезентацијата на Италија го освои бронзениот медал на Олимпискиот турнир во Рио.
 
сабота, 20 август 2016 - Рио 2016: Бразил – Италија во финалето на одбојкарскиот турнир
Домаќинот Бразил и репрезентацијата на Италија утре ќе играат во завршницата на одбојкарскиот турнир на Олимписките игри во Рио.
 
сабота, 20 август 2016 - Рио 2016: Болт ја предводеше штафетата на Јамајка до златото на 4x100 метри
Јусеин Болт го освои третото злато на Олимпијадата во Рио, откако штафетата на Јамајка ноќеска победи во трката на 4х100 метри.
 
сабота, 20 август 2016 - Рио 2016: Ракометарите на Франција ќе го бранат златото
Француската ракометна репрезентација ќе има можност да го барни златниот медал на Олимписките игри.
 
сабота, 20 август 2016 - Рио 2016: Србија противник на САД во кошаркарското финале
Репрезентацијата на Србија обезбеди учество во финалето на олимпискиот турнир во Рио по одличната игра и убедливата победа над Австралија синоќа во второто полуфинале.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Хрватката Сара Колак сензационална победничка во фрлање копје
Хрватската атиетичарка Сара Колак направи вистинска сензација со освојувањето на златниот олимписки медал во фрлање копје.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Далихан Мухамед се закити со златото на 400 м. со пречки
Американката Далихан Мухамед го освои златниот олимписки медал во трката на 400 метри со пречки.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Со нов рекорд на игрите Ештон Итон го одбрани златото во десетобој
Американецот Ештон Итон уште еднаш потврди дека е најсестран атлетичар во светот.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Болт трет пат до олимпиското златото на 200 метри
Најбрзиот човек на светот Јусеин Болт го одбрани олимпикското злато на 200 метри. Атлетичарот од Јамајка го повтори успехот кој претходно го направи и на 100 метри, па трет пат во низа е носител на олимпиското злато во трката на 200 метри.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Ракометарките на Франција и Русија во дуел за златото
Ракометарките на Франција и Русија ќе се борат за најсјајното одличје, златото, на Олимписките игри во Рио.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Шпанија противник на Американките во женското кошаркарско финале
Во финалето на женскиот олимписки кошаркарски турнир ќе играат репрезентациите на САД и Шпанија.
 
петок, 19 август 2016 - Рио 2016: Нова пресметка Хрватска - Србија сега во финалето на ватерполо турнирот за мажи
Репрезентациите на Србија и Хрватска ќе се борат за златниот медал на машкиот ватерполо турнир на Олимпијадата во Рио.
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Олимпискиот ватерполо шампион Хрватска избори финале
Ватерполо репрезентацијата на Хрватска ќе има можност да го брани златниот медал од Игрите во Лондон, откако во првото полуфинале на Олимпијадата во Рио ја совладаа Црна Гора со 12:8 (4:3; 3:2; 1:1 и 4:2).
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Американецот Клемент олимписки шампион на 400 метри со пречки
Американскиот атлетичар Керон Клемент го освои златниот медал во првата финална дисциплина одржана денеска на 13-от ден од Игрите во Рио.
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Тројна победа за Американките во трката на 100 метри со пречки
Трите медали од трката на 100 метри со пречки отидоа кај натпреварувачките од САД. Златото е за Брајана Ролинс со истрчано време 12.48 секунди, среброто отида кај Нија Али (12.59), додека трета трката ја заврши Кристи Кестлин (12.61)со што го освои бронзениот медал.
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Полска ја елиминира Хрватска во четвртфиналето на ракометниот турнир
Ракометарите на Полска направија изненадување со победата над фаворитот Хрватска во четвртфиналето на ракометниот олимписки турнир во Рио.
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Бразил и Германија ќе се борат за фудбалското злато
Репрезентациите на Бразил и на Германија ќе се борат за златниот медал на фудбалскиот олимписки турнир во Рио.
 
четврток, 18 август 2016 - Рио 2016: Кошаркарите на Србија поуспешни од Хрватска во најнеизвесниот дуел од четвртфиналето
Србија доцна ноќеска ја победи Хрватска во најинтересниот натпревар од четвртфиналната фаза на кошаркарскиот турнир што се одржува на Олимписките игри во Рио.
 
среда, 17 август 2016 - Рио 2016: Златен медал за Кипруто од Кенија на 3.000 стиплчез
Атлетичарот од Кенија Консеслус Кипруто го освои златниот медал во трката на 3.000 метри стиплчез на ЛОИ во Рио.
 
среда, 17 август 2016 - Рио 2016: Победи и полуфинале за олимписките шампиони во ракомет и одбојка
На Олимписките игри во Рио денеска на програмата се натпреварите од 12. ден, а од екипните спортови на теренот ќе бидат репрезентациите во машка конкуренција.
 
среда, 17 август 2016 - Рио 2016: Поделени медалите во три атлетски дисциплини
На Игрите во Рио ноќеска завршија три дисциплини од атлетиката. Златни медали освоија атлетичари од Канада, Кенија и Јамајка.
 
среда, 17 август 2016 - Рио 2016: Србија и Кина полуфиналисти на женскиот одбојкарски турнир
На убедлив начин со максимална победа во три сета одбојкарките на Србија ноќеска ја совладаа фаворизираната Русија и си обезбедија место во големата четворка на Олимпискиот турнир во Рио.
 
Навигација: 1 I 2 I 3