четврток, 25 мај 2017 - Македонија ремизира со Кина во Шангај
Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години одигра нерешено 1:1 против Кина на првиот дуел од турнирот во Шангај.
 
четврток, 25 мај 2017 - Мурињо: Најтешка сезона откако станав менаџер
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо изјави дека неговите играчи во финалето со Ајакс одиграа интелигентно и дека заслужија да победат.
 
четврток, 25 мај 2017 - Погба: Горди сме по триумфот во Лига Европа
Стрелецот на првиот гол за Манчестер Јунајтед на синоќешното финале од Лига Европа против Ајакс, Пол Погба не го криеше своето задоволство по освојувањето на трофејот.
 
четврток, 25 мај 2017 - Манчестер Јунајтед победник на Лига Европа
Екипата на Манчестер Јунајтед синоќа во финалето од Лигата Европа го победи Ајакс со 2:0 и со тоа го освои трофејот во Лигата Европа. Премиерлигашот на 8 август во Скопје ќе игра во Супер купот на УЕФА.
 
среда, 24 мај 2017 - Ајакс и Јунајтед во дуел за трофејот од ЛЕ и место во ЛШ
Екипите на Ајакс и на Манчестер Јунајтед вечер со почеток од 20 часот и 45 минути во Стокхолм ќе го почнат финалето од фудбалската Лига Европа.
 
среда, 24 мај 2017 - Работнички победник во младинскиот куп
Младинскиот состав на Работнички го освои Купот на Македонија. Во финалето во Охрид, Работнички со 3:1 славеше против Академија Пандев.
 
среда, 24 мај 2017 - Коке ја продолжува соработката со Атлетико Мадрид
Шпанскиот гигант Атлетико Мадрид реши да ја продолжи соработката со еден од своите клучни фудбалери Коке.
 
вторник, 23 мај 2017 - Ангеловски го објави списокот за Шпанија
Македонската фудбалска репрезентација на 11 јуни против Шпанија во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ ја очекува нов дуел во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година.
 
вторник, 23 мај 2017 - Конте доби две награди за најдобар менаџер на Англија
Менаџер на Челзи Антонио Конте доби две награди за најдобар оваа сезоната на Островот на традиционалното доделување на признанијата од Асоцијацијата на менаџери на Англија.
 
вторник, 23 мај 2017 - Јунајтед и Сити: Шокирани сме од терористичките напади
Фудбалски клубови од Манчестер, Јунајтед и Сити, изразија сочувство до семејствата на загинатите во терористичкиот напад по концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
 
вторник, 23 мај 2017 - Комплетирано претпоследното коло во Серија А
Со натпреварот Пескара – Палермо кој заврши со победа на Пескара од 2-0, синоќа се комплетира е 37. претпоследно коло во италијанската Серија А.
 
понеделник, 22 мај 2017 - Симеоне: Останувам во Атлетико зашто клубот има иднина
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне објави дека и следната сезона останува во главниот шпански град и на тој начин ги демантира шпекулациите дека ќе го предводи Интер.
 
понеделник, 22 мај 2017 - Реал ја освои шампионската титула во Шпанија
Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија шампионската титула во Шпанија.
 
недела, 21 мај 2017 - Работнички на чекор до пласман во Лига Европа
Екипата на Работнички е на чекор до пласман во квалификациите за Лига Европа.
 
недела, 21 мај 2017 - Јувентус ја прославува новата шампионска титула
Екипата на Јувентус ја прославува новата шампионска титула во фудбалското првенство на Италија.
 
недела, 21 мај 2017 - Победи на Рома и Наполи, на потег е Јувентус
Фудбалерите на Рома и Наполи забележаа победи во дуелите против Киево и Фиорентина, со што го одржаа притисокот над Јувентус во трката за шампионскиот трофеј во Серија А.
 
петок, 19 мај 2017 - Тотенхем убедлив на гостувањето кај Лестер
Фудбалерите на Тотенхем синоќа постигнаа убедлива победа на гостувањето кај Лестер со 6:1 во заостанатиот натпревар од 34.коло од Премиер лигата.
 
четврток, 18 мај 2017 - Гризман: Не си одам од Атлетико, освен ако не стигне понуда од Њујорк Никс
Антоан Гризман изјави дека нема намера да го напушти тимот на Атлетико Мадрид во текот на летото, но при тоа се пошегува и рече дека тоа важи освен во случај да добие понуда од НБА тимот Њујорк Никс.
 
четврток, 18 мај 2017 - Саутемптон и Манчестер Јунајтед ремизираа без голови
Во заостанат натпревар во Премиер Лигата кој немаше големо резултатско значење, Саутемптон и Манчестер синоќа освоија по еден бод. Средбата заврши без голови (0:0).
 
четврток, 18 мај 2017 - Јувентус го одбрани трофејот во италијанскиот куп
Екипата на Јувентус трет пат во низа е освојувач на фудбалскиот Куп на Италија. Во финалето одиграно синоќа на „Олимпико“ во Рим, тие славеа победа на римски Лацио со 2-0.
 
четврток, 18 мај 2017 - Монако нов шампион на Франција
Екипата на Монако е новиот фудбалски шампиони на Франција. Тимот од кнежеството по пауза од 17 години повторно ја освоија шампионската титула, вкупно осма во историјата на клубот.
 
четврток, 18 мај 2017 - Реал на чекор до титулата во шпанската Примера
Екипата на Реал Мадрид е на чекор до освојување на титулата во фудбалскиот шампионат на Шпанија по победата синоќа на гостувањето во Виго над Селта со убедливи 4:1.
 
среда, 17 мај 2017 - Доделени средства на спортските федерации од Игрите на среќа
Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска потпиша договор со четири спортски федерации за доделување наменски донации од средствата утврдени во Законот за игрите на среќа и за забавните игри.
 
среда, 17 мај 2017 - Победи за Арсенал и Манчестер Сити во одложените дуели од Премиер лигата
Екипите на Арсенал и на Манчестер Сити остварија победи на синоќа одиграните дуели од Премиер лигата. Двата тима освоија нови три бодови важни за врвот на табелата. Овие натпревари од 34.коло беа одложени поради обврските на тимовите во ФА купот.
 
вторник, 16 мај 2017 - Ливерпул нуди 30 милиони евра за Бразилецот Луан Виеира
Англлискиот премиер лигаш Ливерпул му понуди на бразилскиот тим Гремио 30 милиони евра за напаѓачот Луан Гилерме де Жезус Виеира, пренесуваат англиските медиуми.
 
вторник, 16 мај 2017 - Тери размислува да ја заврши кариерата
Легендарниот фудбалер на Челзи, Џон Тери призна дека размислува по завршувањето на сезоната да стави крај на својата кариера.
 
вторник, 16 мај 2017 - Македонската фудбалска репрезентација закажа контролен дуел со Турција
Репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски тест натпревар со Турција во Скопје на 5 јуни како одлична контрола пред квалификацискиот дуел со Шпанија на 11 јуни.
 
вторник, 16 мај 2017 - Челзи тешко стигна до победата над Вотфорд
Новиот шампион на Англија екипата на Челзи тешко стигна до победата од 4:3 во дуелот со Вотфорд одигран синоќа во Лондон.
 
понеделник, 15 мај 2017 - Шест екипи добија лиценци од ФФМ за настап во европските купови
Шест македонски екипи ги исполнуваат условите за настап во европските фудбалски купови.
 
понеделник, 15 мај 2017 - Монако на чекор до шампонската титула
Фудбалерите на Монако се наоѓаат на чекор до шампионската титула откако синоќа во дуелот од 37.коло на домашен терен го совладаа Лил со 4:0.
 
Навигација: 1 I 2 I 3 I 4 I 5 I 6 I 7 I 8 I 9 I 10 I 11 I 12 I 13 I 14 I 15 I 16 I 17 I 18 I 19 I 20 I 21 I 22 I 23 I 24