Лажговци

Во 18:40 на Канал 5, во текот на целиот распуст и во овој најубав празничен период од годината, ќе Ви понудиме неодолива романтична комедија во која ќе уживате сите...
Вечерва во 18:40, веднаш после Вестите, не пропуштајте ја „Лажговци“ и расположете се со приказната за девојката по име Дујгу која откако ќе добие отказ на работа, ќе одлучи да сврти нова страница во животот, да го прифати предлогот на другарка и’ да заминат во Бодрум и да се преправаат дека се богати девојки... Паралелно, ќе ја следиме и приказната на дечкото по име Серкан кој потекнува од сиромашно семејство, работи како автомеханичар и ќе доживее големо разочарување од својата девојка која ќе го изневери со богат дечко. За да го расположат пријателите, ќе му предложат мала забава во Бодрум каде би барале богати девојки за засекогаш да се збогуваат со сиромаштијата... И? Можете ли да замислите што ќе се случи кога ќе се сретнат Дујгу и Серкан како двајца ловци по богатство?... Гледајте и уживајте! „Лажговци“ - вечерва со почеток во 18:40!