Вистинска ѕвезда

Изненадување за сите гледачи кои се желни за нови програмски содржини! Ви ја претставуваме „Вистинска ѕвезда“ – најгледаната бразилска серија за оваа деценија, која ужива огромна популарност кај дури 30 милиони гледачи. Секој работен ден во 13 часот, не пропуштајте ја серијата посветена на младата Елиза, која пред Ваши очи, од сиромашна девојка од епизода во епизода ќе се претвора во вистинска ѕвезда. Неподносливиот семеен живот предизвикан пред се’ од нејзиниот очув алкохоличар, но и од финансиската криза што го демне семејството, ќе ја натера Елиза да побегне и да побара спас во Рио Де Жанеиро. Но, промената нема да биде воопшто лесна. За да преживее, ќе почне да продава цвеќиња. Сепак, нема да помине многу време кога ќе сфати дека судбината имала поинаков план за неа. Што ќе се случува понатаму, гледајте од понеделник до петок во 13 часот!