Доста е

Тој е дел од елитата и е еден од најпочитуваните хирурзи. Затоа, никој и не се сомнева дека зад неговата маска на љубезност се крие психопат кој ги уништува животите на најблиските. Тоа е Јекта - главниот машки лик во новата мега-хит серија „Доста е!“. Зошто го упропастил животот на својата прва жена? Зошто неговиот брат живее во сиромаштија кога тој е доволно богат и може да му помогне? Зошто така се однесува кон сопругата Ајлин и синот Каан? Зошто не почитува никого освен себеси?... Не можете ни да замислите што ќе се случи вечерва во втората епизода кога Јекта ќе дознае дека неговата ќерка е жива. Што ќе и направи на сопругата Ајлин за овој голем грев што таа упорно му тврди дека родила мртво бебе? Вечерва во 19:30, не пропуштајте ја втората епизода која дефинитивно ќе ви открие зошто серијата „Доста е!“ е прогласена за најемотивната и најдраматична серија во етерот...