Нова наредба на Бајден: Сите против Преспанскиот и Охридскиот договор ќе бидат на црната листа

Американскиот претседател Џо Бајден потпиша извршна наредба за замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои ја загрозуваат стабилноста на Западен Балкан,вклучувајќи ги оние лица кои работат против договорот од Преспа и Охридскиот договор

Како гром од ведро небо одекна извршната наредба на американскиот претседател Бајден, со која недвосмислено најави реактивирање на црната листа на САД со лица кои придонесуваат за дестабилизација на Западен Балкан. Во декретот, кој почнува со зборовите „Јас Џозеф Бајден помладиот“ не се споменуваат конкретни имиња, но од содржината јасно се чита дека и македонската јавност и политичките елити, не се изземени од евентуалните санкции, доколку како што се наведува ги загрозуваат мирот, стабилноста или територијалниот интегритет и ги поткопуваат демократските процеси и институции. Со наредбата, се проширува опфатот на санкции и врз лица што ги загрозуваат Преспанскиот и Охридскиот договор, а се предвидува замрзнување на имотите и забрана за влез во САД.

– Станува збор за лица кои, се одговорни или се вклучени, директно или индиректно, во нарушување или во активност што го попречува или е закана за имплементацијата на кој било регионален безбедносен, мировен или договор за соработка или рамковен договор поврзан со Западен Балкан, вклучувајќи ги Договорот од Преспа од 2018 година, Охридскиот рамковен договор од 2001 година, Резолуцијата 1244 на ОН, Дејтонскиот договор…

Освен непочитување на Договорите, документот предвидува и санкции за одговорни лица или соучесници во корупција, вклучително и корупција на каков било начин поврзана со влада на Западен Балкан или од сегашен или поранешен владин службеник на кое било ниво на власта, како што се злоупотреба на јавни средства, поткуп, експропријација на приватни средства за лична корист или политички цели. Во причната реакција на наредбата на Бајден, премиерот Заев оцени дека станува збор за охрабрување и мотивација владата да ги продолжи политиките, но во исто време, и предупредување до оние кои ги поткопуваат договорите.

-Навистина е испратена порака и за еден куп негатори, „мрчатори“, поткопувачи, блокатори, дека ова е пресериозна работа за некој да си прави политиканство на нездрави основи. Бајден испрати прво фокус на Западен Балкан, второ фокус и внимание кон вредностите, за кои се залага оваа влада и трето, испрати порака кон сите поткопувачи, изјави Зоран Заев, претседател на влада

Од преземањето на функцијата на Бајден пред пет месеци, на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а од минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до партијата на Бојко Борисов. Од македонски државјани, на неа од поодамна се наоѓаат Мендух Тачи , Љубе Бошковски и екс пратеникот Џеват Адеми.

Електромобилот „Шјаоми СУ-7“ пуштен во продажба

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. 

Кинескиот производител на паметни телефони „Шјаоми“ (Xiaomi) го пушти во продажба своето прво електричен автомобил - „Спид ултра 7“ (Speed ​​​​Ultra 7, СУ-7). Извршниот директор на компанијата, Леј Јун изјави дека цената на возилото ќе биде околу 28.000 евра, пренесува „Би-би-си“.

Технолошкиот гигант верува дека оперативниот систем „СУ-7“ што го имаат нивните телефони, лаптопи и други уреди, ќе ги привлече веќе постојните клиенти. Автомобилот, најавен лани, се споредува со моделите на спортски автомобили „Тајкан“ и „Панамера“ на „Порше“. Производството ќе се одвива во Пекинг, Кина, во државната фабрика што може да испорача до 200.000 возила годишно. „Шјаоми“ најави и влог од 10 милијарди долари за развој на возила за следните 10 години.

На кинескиот пазар на електромобили, инаку, се натпреваруваат и „Тесла“ и „БИД“, па со влезот на „Шјаоми“ како трет избор, се предвидува и нова борба за цените.

- Крајното достигнување би било да се покаже дека има потрошувачки пазар и за „Шјаоми“ како бренд на паметни електрични возила, изјави стручњакот од „Аутомобилити“ (Automobility), Бил Русо.

Тој верува дека влезот на пазарот за автомобили ја одразува довербата на „Шјаоми“ во важноста на брендот во и вон матичната Кина. /МИА

Тренчевска: Опфатот на децата во градинките 48 проценти, до 2028 година ќе изнесува 70 проценти

 Дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика во техничката Влада, Јованка Тренчевска денеска информираше дека имаат таргет до 2028 година, 70 отсто од децата да бидат вклучени во градинките.

- Во 2017 година, кога се формира Владата предводена од СДСМ, опфатот на децата во градинките беше од 25 до 27 отсто од вкупниот број деца вклучени во градинките. Денес, тој процент е 48, дополнително ќе се зголеми со градинките што чекаат на отворање. Таргетот ни е до 2028 година, тој процент да се зголеми на 70 отсто деца опфатени во предучилишно образование и секако, тој број да се зголемува, одговори Тренчевска на новинарско прашање на брифингот со новинари во Клубот на пратеници.

Во однос на листите на чекање за прием во градинка, таа кажа дека најкритично е во скопските општини.

- На територијата на целата држава од 2017 година до денес, изградени се 84 градинки со вкупен опфат на над 8 000 деца. Во декември 2023 година, Владата додели четири милиони евра за изградба на нови градинки во општините Бутел, Кисела Вода, Ѓорче Петров, Аеродром и во Карпош, подвлече Тренчевска.

Од 2018 година до денес во детските јавни установи вработени биле вкупно 2 881 лице, а бројот на лиценцирани негувателки и воспитувачки во овој период, изнесувал 740 лица.

НАТО ја одбележува 20-годишнината од своето најголемо проширување

НАТО денеска ја слави 20-годишнината од најголемото проширување на Алијансата, кога на пактот се приклучија седум земји.

„Денеска се навршуваат 20 години од приемот на Бугарија, Естонија, Летонија, Литванија, Романија, Словачка и Словенија“, изјави портпаролката на НАТО, Фара Даклала.

„Оваа година се одбележува и 25-годишнината од првото проширување на пактот по Студената војна со пристапувањето на Чешка, Унгарија и Полска, како и 75 години од основањето на Алијансата“, додаде таа.

Претходно овој месец, НАТО објави податоци кои покажуваат дека повеќе од 80 отсто од граѓаните на земјите од пактот се на мислење дека земјите од Европа и Северна Америка треба да работат заедно за безбедноста.

притисни ентер