МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

сабота, 14 мај 2016 во 13:03
img

Ќе се ископува и конзервира Кралската палата на Пајонците
Со шест милиони денари, Министерството за култура ја стартува втората од предвидените четири фази за ископување и конзервација на кралската палата на Пајонците, народ кој пред повеке од 23 века живеел во Македонија. Лоцирана е во реонот Кнежје на само три километри од Свети Николе. Откопаните фрагменти од ентериерот, несомнено укажуваат на кралска палата - престолнината на народот - современик на Александар Македонски тврдат археолозите ...


Концепцијата на просторот, инвентарот , начинот на градба, позицијата на градбата, самиот локалитет, што е посведочен историски како најголем Пајонски локалитет, најголем град, и со ваква архитектура го афирмира локалитетот како престолен, објасни  проф. проф. д-р Драги Митревски – археолог.

Ископувањата ке траат повеке од осум месеци. Се очекува да се откријат деловите од западна страна на палатата. Во мегувреме светиниколскиот Музеј  во соработка со Славјанскиот Универзитет Гаврило Романович Державин  ќе ја промовира првата книга за неколкугодишните ископувања на Била Зора, или пајонската кралска резиденција.

Благодарност упатувам до Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, што навистина ни излегоа во пресрет, и ни одобрија голема сума на средства. Со нив ги покриваме трошоците со краен резултат отворање на оваа кралска древна палата, информира Александар Арсов – директор на Народен Музеј – Свети Николе.

Откривањето на животот на рано античка Македонија  побуди голем интерес  во јавноста, пред се кај  странските туристи. Изградбата на автопатот Скопје – Штип, уште повеке ке го забрза развојот на таканаречниот археолошки туризам, сметаат локалните власти.


- Наша идеја е да го отвориме и осветлиме надворешниот заштитен, таканаречен киклопски бедем, ѕид, со цел од далеку, од идниот авто пат, туристите да ја видат величината на Кралската тврдина. Објасни Зоран Тасев – градоначалник на Општина Свети Николе.

Првата половина од 2017 година е периодот кога овој , несомнено, важен археолошки локалитет,  ке биде отворен за сите кои сакаат да го видат богатото културно наследство на Македонија...  

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА