МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

среда, 14 февруари 2018 во 23:10
img

Најмалку седум ученици убиени , над 20 ранети во пукотница во училиште на Флорида (ВИДЕО)
Убиецот е приведен , а најмалку седуммина ученици се убиени во средното училиште во Паркланд , Флорида .

Полицијата потврди дека убиецот е приведен Претходно беше објавена снимка каде се гледа како седуммина полицајци апсат маж , белец, облечен во црвена блуза .






Се претпоставува дека пред да почне да убива , го исклучил алармот во училиштето . Убиецот користел автоматска пушка .Се претпоставува дека станува збор за поранешен ученик на училиштето. 





Според пожарникарната единица  меѓу 20 и 50 ученици и нставници с еповредени , додека полицијата потврдува дека досега има 14 повредени .



Во моментот завршувале часовите , а во училиштето имало околу 2 000 ученици .

На снимките се гледаат деца како со подигнати раце излегуваат од училиштето .

Целиот дел на местото Паркланд е затворено од специјални единици .


Претседателот Трамп изрази сочуство до семејствата на жртвите и порача дека во ниедно училиште нидно дете илинаставник не смее да се чувствува небезбедно .







Од почетокот на годината , ова е 19 оружен напад во училиштата во САД . 

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА