МЕНИ
ПОЧЕТНА ВЕСТИ СПОРТ ПРОГРАМА ПРОГРАМА 5 + ЕМИСИИ СЕРИИ КОНТАКТ

ПРЕГЛЕД НА НОВОСТИ

среда, 14 февруари 2018 во 21:27
img

Јапонците ќе градат највисока дрвена зграда на светот
Јапонска компанија најави дека наскоро почнува градба на највисоката дрвена зграда на светот.

Зградата ќе биде висока 350 метри , а предуслов е да се најде локација каде ќе се вклопи еколошкиот проект. Се планира изградбата да заврши 2041 година , на 350 годишнината од постоењето на компанијата Сумитомо.
Тогаш се планира да биде изградена цела населба од дрвени згради , што би го претвориле градот во шума. Највисоката зграда ќе има 70 ката и ќе биде изградена од комбинација меѓу дрво и челик , со тоа што дрвените делови се 90 проценти од градбата .

За изградба на зградата ќе бидат потребни над 184 000 метри кубни дрво , што би чинело околу 6 милијарди евра .

Во зградата би имало продавници , канцеларии , хотел и станови.

Сите балкони ќе бидат покриени со зеленило , со пошумен покрив и водопади . 

КАТЕГОРИИ НА ВЕСТИ

КАНАЛ 5 Мобилна Верзија

Добредојдовте на веб страната на Канал 5 Телевизија, оптимизирана за приказ на мобилните уреди или Вашите таблет персонални компјутери.

КОНТАКТ ИНФОРМАЦИИ

Контактирајте не и дознајте ги информациите кои ви се потребни.

СТАНДАРДНА ВЕРЗИЈА